Еден од лидерите на македонската партија Виножито во Грција објавува видео од прослава во селото Крушари, Ениџе Вардарско во кое претежно млади Македонци играат оро на песната ,,Поповата ќерка”.

Павле Воскопулос Филипов во својот пост овие луѓе иронично ги нарекува непостоечки во знак на отпор против грчките власти кои не го признаваат постоењето на Македонците во Грција.

Според Воскопулос Македонци живеат во 500 села во Северна Грција.

Видеото е снимено во Мај но од тогаш до септември вакви прослави со македонски песни и ора, таканаречени ,,панаѓири” се одржуваат во десетици села во Егејска Македонија.