Утрово вооружена група ограби експозитурата на НЛБ Банка во Сарај, во уште еден од серијата грабежи на територијата на Скопје.
„Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба.
Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.
Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета“, соопштија од Банката.
Средствата на клиентите се сигурни бидејќи НЛБ Банка има осигурување на целиот свој имот и средства.