Вонредна вест од Брисел: Одлична за Албанија, лоша за Македонија

Со назнака вонредна вест бриселскиот новинар Џек Керок кој работи за повеќе светски медиуми објавува дека Европската Комисија ќе предложи голем чекор напред за пристапниот процес кон ЕУ за Албанија.

“Извори ми велат дека Комисијата ќе препорача одржување на првата меѓувладина конференција на јунскиот самит на лидерите на ЕУ. Земјите членки на ЕУ тогаш ќе изберат дали да одобрат почеток на преговори за Албанија”, пишува Перок на својот твитер профил.

Новинарот не ја споменува воопшто Македонија што значи дека на јунскиот самит на ЕУ е можно раздвојување на двете земји кои беа во иста група за членство во ЕУ.