Вјачеслав Володин, бвлизок човек на Путин и спикер на Думата, предупреди дека поддршката на САД и НАТО на Украина го води светот во „страшна војна“.

„Ако Вашингтон и земјите од НАТО испорачаат оружје што ќе се користи за напади врз градови и ќе се обидат да ги заземат нашите територии, како што се закануваат, тоа ќе доведе до одмазднички мерки со користење на помоќно оружје“, напиша Володин.

„Аргументите дека нуклеарните сили претходно не користеле оружје за масовно уништување во локални конфликти се неодржливи“, додаде тој.

Тој изјави дека тоа е затоа што САД и НАТО „не се соочиле со ситуација во која постои закана за безбедноста на нивните граѓани и територијалниот интегритет на нивните земји“.

Западните сојузници ветија милијарди долари оружје за Украина минатата недела и покрај тоа што не успеаја да ја убедат Германија да го укине ветото за испорака на главните борбени тенкови Леопард од германско производство.

Германските тенкови ги држат голем број земји на НАТО, но за да ги пренесат во Украина, на тие земји им треба одобрение од Берлин.