Војници на АРМ навредени од Филипче (ФОТО)

Негативни реакции на војници на АРМ кои сакаат да бидат анонимни а се навредени од постот со кој министерот за здравство Филипче се пофали дека ја има поддршката од армијата.

Војниците се навредени од повеќе фактори во постот.

1. Филипче не го користи името македонска армија или македонски војници туку вели нашите војници;

2. Злоупотребува војник на АРМ кој не смее да биде користен во партиска или политичка кампања на било кој политичар. Тие се сомневаат дека војникот е натеран да се слика со министерот како контра одговор на писмото со кое македонски војници упатија протестна порака до Владата да не си игра со идентитетот;

3. Филипче и се заблагодарува на Армијата на Македонија со знаме на друга држава, во случајов Норвешка што е навреда за секој војник на АРМ.

4. Филипче се слика со скапа блуза од италијански бренд кој понекогаш чини колку половина месечна плата на дел припадниците на АРМ.

“Благодарност до сите претставници на Армијата и Министерството за одбрана кои се нашата силна поддршка. Како никогаш порано мобилизирани се сите капацитети и ресурси во државата за да одговориме на предизивикот. Заедно ќе ја надминеме и оваа ковид криза”, напиша Филипче во според коментарите на социјалните мрежи ефтината пропагандна операција смислена од Пи-Арот на Владата која само ги изиритира припадниците на АРМ.

Во знак на револт некои од активистите на социјалните мрежи со фото шоп му помогнаа на Филипче да го смени знамето од скапата блуза.