Војна на границата меѓу Газа и Израел – над 30 мртви, илјада повредени

Израелската војска уби над 30 палестински демонстранти додека според некои проценќи повеќе од илјада се повредени во судирите кои не престануваат на границата меѓу Газа и Израел.

Палестинските демонстранти запалија илјадници автомобилски гуми и над границата се идига густ црн чад, а главно млади момчиња со камења ги гаѓаат израелските војници кои возврќаат не само со гумени куршуми и солзавци туку и со боева муниција.

Таканаречениот „Марш на гневот“ трае веќе неколку дена на самата граница а цел на протестантите е да влезат на израелска територија која за нив е всушност окупирана палестинска земја. Израел ја обвинува милитнатната огранизација Хамас дека стои зад протестите и предупредува дека нема да се колеба во намерата со сила да ги задржи младите Палестинци подалеку од граничната линија.

Арапските земји се обидуваат да протуркаат резолуција во Советот за безбедност на ОН која ги осудува израелските репресалии но САД со своето вето спречуваат каква било осуда на Еврejската држава.