Иако армиски извори тврдат дека воените полицајци на АРМ вчера вечер биле случајно во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ сепак фотографија на весникот Слободен Печат покажува дека тие се вмешале во цивилни политички пресметки што е спротивно набзаконот за АРМ и одбрана.
Фотографијата покажува дека армиските припадници на специјалната полиција се присутни на самиот влез на седиштето на македонската опозиција што во демократска држава може да значи притисок на армијата врз цивилни процеси.
Предходно извори во АРМ тврдеа дека воените специјалци биле ескорт за грчки генерал кој бил сместен во хотелот Бест Вестерн кој е лоциран зад седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Според фотографијата на Слободен печат сепак воените полицајци кои знаат да направат разлика од хотел до седиштето на партијата сепак биле инволвирани во политичка пресметка меѓу власта и опозицијата.
Зошто воена полиција била вчера пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ