Водителка се онесвести во ТВ дебата за иден британски премиер (ВИДЕО)

Кејт Макен, политичка уредничка на „TalkTV“, колабирала по половина час од ТВ дебатата меѓу Лиз Трас и Риши Сунак, кандидати за иден премиер на Велика Британија по оставката на Борис Џонсон.

Дебатата била прекината, а од „TalkTV“ изјавија дека „Кејт Мекен се онесвести и иако е добро, медицинскиот совет е дека дебатата не треба да продолжи. Им се извинуваме на нашите гледачи и слушатели“.


Следната партиска конференција на ториевците е во Лидс во четврток.