Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Агелер, на вчерашната средба му подари водич насловен „Како да се направи нација“ на техничкиот премиер Талат Џафери.

На средбата, амбасадорката Агелер потенцираше дека изборот на премиерот Џафери испраќа силна порака дека, како и во Соединетите Американски Држави, така и во Македонија, диверзитетот и почитувањето на неговото богато културно наследство ја прават земјата уште посилна.

Од своја страна, Џафери ја истакнал посветеноста на Владата кон стратешкото партнерство на Македонија со САД и нагласил дека и на новата функција ќе продолжи да биде силен промотор на таа соработка.