Драги обвинители, изберете го Незири за шеф на ОЈО ГОКК и сите заедно да се исселиме од Македонија, пишува еден од најдобрите познавачи на македонскиот правосуден систем за најавите дека Ермон Незири е човекот за кој СДСМ и ДУИ имаат договор да стане наследник на Вилма Русковска на моќната позиција шеф на Обвинителството за организиран криминал.

Во својот став за изборите што ќе се случат утре новинарот Саше Димовски кој важи за најсилен неутрален и објективен познавач на состојбите во правосудството предупредува дека ако Незири победи тоа ќе биде катастрофа за Македонија.

Околу 160 јавни обвинители, колку што ги има во цела Македонија, в понеделник на 7 ноември треба да изберат шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и злоупотреби направени од лица со полициски овластувања.

,,За прв пат, овој обвинител ќе се избере на непосредни избори, со гласовите на сите, околу 160 обвинители, кои преку едно од понудените четири имиња ќе ни испратат јасна порака, дали обвинителите се подготвени за гонење на сериозен и организиран криминал или како и до сега, се ќе тече, ама ништо не се менува!

Од изборот на шеф на обвинителството ќе зависи и дали треба да штедиме само на струја или ќе мора да ја штедиме и државава, па да ги спакуваме куферите и да ја напуштиме, да заштедиме од газење на земјата која е плодно поле за негонење на криминалот и корупцијата во високите врвови на вланема веќе приста. Формирањето на СЈО и неговото згаснување треба да не опомени дека нема простор за правни егзибиции, зашто од ОЈО ГОКК не зависи само поединечната борба со криминалот, туку имиџот на државата и владеење на правото.

Да се избира овој обвинител на општи избори помеѓу самите обвинители од една страна е голема демократска придобивка, бидејќи се очекува тие да знаат кој е најдобар и да го изберат надвор од влијанијата на партиите и политиката и да го артикулира гласот на ад 1,5 милиони граѓани во земјава.

Но, уште пред да се направи изборот се покажаа сите слабости на законското решение, бидејќи пак се во игра партиските кујни и лобирања да се избере „наше другарче“, а не обвинител кој ќе биде страв и трепет за сите кои функцијата ја сфаќаат како сопствено чекмеџе и претураат и го празнат како што ќе им текне”, пишува Димовски.

,,Од околу 160 обвинители на огласот за шеф на ОЈО ГОКК, се пријавија само 4 кандидати, што го отвора прашањето, дали не треба да се прошират критериумите во законот и за обвинител што ќе се избира непосредно, да конкурираат и професори по право со над 15 години пракса или адвокати, судии, полициски службеници (истражители), ако веќе во самата фела нема доволно кандидати кои имаат силно портфолио на неселективност и бескомпромисна борба за водење на ова обвинителство.

Пак да ве потсетам зошто се формираше СЈО, затоа што постојните обвинители не си ја работеле работата како што треба! А, тие што влегоа во СЈО, на крајот завршија со пријави затоа што не ги пријавиле екстра парите што ги добивале (исклучок беше само една обвинителка) и со пријавите против себе, беа избрани за шеф во скопското обвинителство, во ОЈО ГОКК и во Вишите обвинителства во Скопје и Штип. Според народната, врана врани очи не вади, не треба да очекуваме за унапредените обвинители од СЈО да бидат казнети. А, кој да ги казни, кога меѓу себе владее другарство!”, прашува Димовски.

Повеќе на Сведок.мк