Стравот е една од најверојатните причини поради која два дена од вербалниот напад на премиерот Заев врз новинар молчат и Здружението на новинарите на Македонија и претседателот Младен Чадиковски.
Одговарајќи на прашање поврзано со странските инвестиции премиерот во неделата обвини новинар дека поставувал нарачани прашања подготвени од странски центри и дека правел конструкции при поставување на прашањето.
Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски работи во провладината ТВ 24 вести а голем дел од членовите на телата на здружението исто така работат во медиуми во кои е опасно да се критикува премиерот.
Член на телата на ЗНМ кој инсистира на анонимност вели дека формално за да има реакција за било кој настан мора да има состанок на Управниот одбор но неофицијално во раководството постои страв да се “удри на Заев” затоа што тој деновиве се наоѓал во “тешка ситуација” во партијата и реакција на ЗНМ можела да биде погрешно разбрана.
Друга можна причина поради која не се реагира, коментира друг член на структурите на ЗНМ се новинарот и медиумот кој беше нападнат од Заев а кои важеле за приврзаници на “Груевизмот”.
Единствен кој собра храброст и во јавноста го осуди нападот беше новинарот на ТВ Клан Фуркан Салиу.
Резил за ЗНМ: Молк за нападот на Заев врз новинар по “метлата” во СДСМ (ВИДЕО)