Знамето на ВМРО се вее на сликата од куќата која што ни ја испратија жители на скопското село Љубанци каде во делови на селото веќе 7 дена нема вода.
Според мештаните знамето на ВМРО-ДПМНЕ е поставено на куќата на мајката на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов со цел да се привлече неговото внимание и да им помогне на неговите соселани по мајчина линија.
Во куќата одамна никој не живеел.
Љубанчани велат дека Шилегов како градоначалник на Скопје под чии ингеренции е ЈП Водовод но и како партиски колега на градоначалникот на Бутел на чија територија е Љубанци, ако сака може да им помогне на соселаните.
Делови од Љубанци и населбата меѓу селото и соседното село Љуботен веќе еден недела немаат вода за пиење.
Револтот на Љубанчани околу водата трае со години но сега доживува кулминација откако со денови жители немаат капка вода.
Повеќе:
Македонија во 21 век на 40 степени: Ќе се усмрдиме, 7 дена нема вода ни за лек