Со 130 учесници се одржа пилот проект, односно симулација на свадбена веселба во Загреб.
Без младоженец и невеста, ама сепак со сите други елементи, музички бенд, диџеј, вечера, пилот-проектот бил ист како вистинска свадбена церемонија. Забавата траела до раните утрински часови.
На настанот присуствувале три групи гости – двапати вакцинирани, тестирани (ден претходно со PCR тест) и луѓе кои се опоравиле од ковид-19 во последните шест месеци. Гостите од свадбената церемонија ќе бидат тестирани една недела по настанот, а резултатите се очекува да бидат објавени од Централата за цивилна заштита.
Поволниот исход од двата теста, се надеваат организаторите, ќе биде чекор кон старата нормала и можност за отворање на угостителски и други индустрии, притоа почитувајќи ги одредени услови што ќе ги дефинира Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска.
“После многу успешниот прв пилот проект одржан во четвртокот, на кој учествуваа повеќе од 80 луѓе, вечерва вториот пилот проект има за цел да покаже дека свадбените церемонии се безбедни. Вечерва има три групи гости: оздравени, вакцинирани и тестирани да се додаде дека тие биле тестирани. Тестирањето на сите гости ќе се изврши за една недела и резултатите од двата пилот-проекти ќе бидат соопштени. Независното здружение на угостители е многу гордо на реализацијата на ова проект Главниот штаб за заштита обезбедија максимална поддршка, за што им благодариме. Вечерва ова е симулација на вистинска свадба само без невеста и младоженец, но со богата вечера и бенд во живо “, рече Жаклина Троскот, претседател на Независното здружение на угостители.
ВИДЕО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.