Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди денеска дека ЛГБТИ луѓето се особено ранливи на дискриминација и злоупотреба за време на пандемијата со корнавирусот.

„Тие веќе се соочуваат со предрасуди, напади и убиства, едноставно поради тоа кои се или кого сакаат, многу ЛГБТИ луѓе доживуваат засилена стигма како резултат на вирусот, како и нови пречки при барање здравствена заштита“, рече Гутереш по повод Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија, кој се одбележува на 17 мај.


Според него, има извештаи дека мерките за КОВИД-19 се злоупотребуваат од полицијата со цел да се таргетираат ЛГБТИ луѓе и организации.

Радио слободна Европа