Во ургентниот центар во Тетово влегол со секира (ВИДЕО)

Непознат граѓанин во ургентниот центар на тетовската болница влегол со секира.

Зошто граѓанинот влегол во оваа здравствена установа со студено оружје нема објаснување од здравствената установа.


Во објавата на видеото на социјалните мрежи не се наведува кога точно се случил влезот со секира во болница.

Ниту МВР ниту министерството за здравство деновиве не објавиле информација за инцидент во кој е користена секира што може да значи и дека граѓанинот секирата не ја носел како оружје туку немал намера да се пресметува туку случајно се нашла кај него додека бил на лекар.

Зошто обезбедувањето на болницата дозволило граѓанинот без проблем да влезе во објектот од е прашање на кое одговор треба да даде министерот за здравство Венко Филипче.

Во последниве 6 месеци имаше најмалку 5 тешки инциденти во кои граѓани физички се пресметува со лекари и медицински персонал.

Два од инцидентите се случија токму во тетовската болница.