Во Украина се борат над 600 илјади руски војници, откри Путин

Претседателот на Русија, Владимир Путин, откри дека повеќе од 600.000 руски војници се наоѓаат во борбените зони во Украина.

Во разговор со студентите кои учествуваат во војната, Путин истакна дека борбената зона бара непречено внимание и добро управување бидејќи е долга 2.000 километри, пренесува ТАСС.

„Веројатно има прашања кои бараат дополнително внимание и решенија. Секогаш треба да се приспособи нешто, бидејќи зоната на борбени операции е исто така голема, речиси 2.000 километри, а вклучени се над 600.000 војници. Тоа е огромен механизам“, заклучи Путин.