Во Србија вакцинирани 320 илјади граѓани против Ковид-19

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е „многу горд“ што досега во Србија се вакцинирани 319.504 граѓани против Ковид-19.

„Малта и Исланд се мали, суштински само Велика Британија е пред нас во Европа. Тоа е исклучителен резултат. Им честитам на граѓаните, тоа го направивме на најорганизиран начин. Многу сум горд сум што го гледам тоа“, изјави тој во интервју за Радиотелевизија на Србија (РТС).

Вучиќ додаде дека пред неколку дена стигнале 11.700 вакцини од „Фајзер“, па уште 10.000, а во наредните шест дена се очекуваат 50.000 руски вакцини „Спутник Ве“.

Србија досега нарачала и платила 6,5 милиони вакцини, но тие нема да стигнат, зошто ги нема поради тоа што владее војна за вакцини во светот, објасни шефот на српската држава.

„Џабе што ги договоривме. светот удри во леден брег како ‘Титаник’ и најбогатите тргнаа да се спасуваат себеси“, изјави Вучиќ, според кој богатите ги пуштиле сиромашните да се удават „заедно со ‘Титаник’“.