Во Србија 61 починат, над 7.000 нови случаи на корона

Во текот на последните 24 часа, во Србија се регистрирани 7.041 случаи на коронавирус од тестирани 18.592 луѓе.

Починаа 61 лице, што е најголема бројка досега.

Според последните податоци, во болниците има 7.011 лица, а на респиратори има 254 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 163.035 случаи ма корона

Како резултат на вирусот починаа 1.484 луѓе.