Познатиот хирург доктор Ѓорѓи Јота бил прегазен на крстосницата од булевар Мајка Тереза и улицата Елисие Поповски Марко и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, дознава Слободен печат.
Патничкото моторно возило БМВ Х6 било управувано од шеснаесетгодишник кој без дозвола го управувал патничкото моторно возило.
Според Слободен печат возилото било со скопски регистерски таблички.
Неофицијално шеснаесетгодишникот сакал да избега, но полицијата го фатила во близина на трговскиот центар Рамстор.