Во Софија поддршка за симболот на бугарскиот фашизам и неонацизам (ВИДЕО)

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој беше казнет од Европарламентот за употреба на нацистичкиот поздрав ,,Хајл Хитлер” излезе со јавна поддршка за бугарскиот симбол на фашизмот генералот Христо Луков во чија чест во Бугарија се организира марш за негова поддршка.

Генералот Луков кој е водечка фигура на бугарскиот фашизам бил убиен во 1944 година од двајца антифашисти.

По дваесет години маршот на кој учествуваат бугарски неонацисти годинава формално е забранет од софискиот градоначалник но тој сепак се одржал во центарот на Софија.

Забрането, но не и заборавено, пишува Џамбаски во својата поддршка за маршот на бугарските неофашисти за кој европратеникот објавува и видео.

,,Забранетиот марш, протест организиран од Бугарскиот национален сојуз за нашето право да ги почитуваме нашите национални херои.

Никогаш не замислував дека ќе доживеам време кога сите политички вработени во странски амбасади, сите нивни амбасади, сите грантисти, Руси, копеици, русофили, туркофили, родови активисти, таканаречени „институции“, како што е општина Митрополитот, би се обединиле да забранат споменување и славење на народен херој.

Убиен одзади, на влезот од својот дом, пред очите на неговата ќерка, од комунистичките криминалци, убијци и терористи Иван Буруџиев и Виолета Јакова.

Лазечкиот, лелечкиот, мачен, сервилен менталитет на локалните политички мекотели без дно кон нивните колонијални претпоставени нема граници и срам.

ЛГБТ+ парадите според нив можат. Може и „Бесмртниот полк“. Почитувањето на националните херои не може да биде забрането.

Освен што не може да се забрани. Затоа што не се гаси затоа што не може да се згасне. Затоа што Бугарија е над се и над секого”, пишува Џамбаски објавувајќи видео од маршот кој го слави најголемиот бугарски фашист и нацизмот.

Пред коментарот на Фејсбук Џамбаски објави видео со друга поддршка за маршот на фашистичките следбеници на Луков.

https://fb.watch/j0dlZviNm8/

Бугарското јавно обвинителство досега не покренало истрага против организаторите на маршот и против Џамбаски за промоција на фашизам и неонацизам.