Во Словенија само со „европски“ ПЦР тест

Од вчера, 25 декември, во Словенија може да се влезе само со негативен ПЦР тест направен во некоја од земјите на ЕУ, односно од Шенген зоната, не постар од 24 часа. Во спротивно, обавезен е карантин.

Со одлука на Владата на Словенија, веќе не е можно да се влезе со негативен тест направен во некоја од соседните земји кои не се ЕУ членки.

ПЦР тестовите од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија и Косово не важат за влез во Словенија.