Во Скопје засадени 70 дрва во чест на платинестиот јубилеј на покојната кралица Елизабета (ГАЛЕРИЈА)

Британската амбасада Скопје информира за еколошка активност во која се вклучиле различни јавни фактори.

На почетокот на оваа година, Британската амбасада во Скопје покрена иницијатива „Засади дрво за јубилејот“ за да се одбележи 70от Платинест јубилеј на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора. Беа поканети сите, од поединци, градови, училишта и компании да дадат свој придонес во збогатувањето на животната средина со засадување на дрво и Британската амбасада во Скопје ја започна иницијативата за засадување на дрва во Северна Македонија. Засадивме повеќе од 70 дрва во дворот на Кабинетот на Претседателот, во дворовите на училишта, градинки и општини.
Британската амбасада во Скопје заедно со Јавното претпријатие Национални шуми и бизнис заедницата ќе помогнат во засадувањето на 13 000 садници за пошумување на 5 хектари земјиште со внимателно одбрани видови на автохтони дрва од овој регион. Локалните бизнис компании кои ја поддржаа оваа иницијатива донираа повеќе од половина милион денари за процесот на пошумување, се вели во соопштението.

„Бизнис заедницата има клучна улога во справувањето со предизвиците што ги носат климатските промени. Ми претставува задоволство да им се придружувам на претставниците од ЈП Национални шуми, како и на бизнис заедницата од Македонија во Велес, да го помогнеме пошумувањето на оние подрачја во Македонија каде е најмногу потребно.

Шумите имаат клучно значење за ограничување на глобалното затоплување на 1.5 степени и прилагодување на климатските влијанија. Би сакал да се заблагодарам на Алкалоид, Kuehne Nagel, Шпаркасе Банка, НЛБ Банка, Универзал груп, Британската детска академија, Квенбергер Логистик и Дени Интернационал за нивната поддршка на иницијативата и за нивниот придонес”, изјави амбасадорот Метју Лосон во врска со настанот.