Во Скопје вчера казнети 313 возачи

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, што ги спроведува Министерството за внатрешни работи, на територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 313 казни.

Како што информираат од МВР, за возење без возачка дозвола санкционирани се 35 лица, 27 казни има за технички неисправни и нерегистрирани возила, 91  за непрописно паркирани возила и 54 казни за неносење заштитна маска.

Од МВР потсетуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.