Во Скопје одржан добротворен базар во чест на светскиот ден на детето (ГАЛЕРИЈА)

Здружението Добредојде Macedonia Welcome Centеr во соработка со странските амбасади во Македонија во ГТЦ во Скопје го одржа на традиционалниот “ DMWC Меѓународен добротворен базар” посветен на 1 јуни, Меѓународниот ден на детето.

Оваа година, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, средствата собрани на овој добротворен настан ќе бидат донирани во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Скопје.

Почесен претседател на Меѓународниот добротворен базар 2019 година е Мирослав Томан, чешкиот амбасадор во Република Македонија.

DMWC Базар е уникатен добротворен настан кој ги спојува припадниците на меѓународната заедница и граѓаните на Македонија.

Базарот има благородна цел за подигнување на свеста и финансиска поддршка за потребите на ранливите групи на деца во Македонија.

На базарот свое обраќање имаа Емилија Миладинова Аврамчева, претседател на DMWC, Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, Мирослав Томан, амбасадор на Република Чешка во Република Македонија и почесен претседател на Меѓународниот хуманитарен базар DMWC 2019, Град Скопје.

Следниве странски амбасади, организации на хуманитарниот базар промовираа и продаваа производи од нивните земји:

* Амбасада на Република Албанија
* Амбасада на Република Австрија
* Амбасада на Република Бугарија
* Амбасада на Народна Република Кина
* Амбасада на Република Хрватска
* Амбасада на Република Чешка
* Амбасада на Француската Република
* Амбасада на Унгарија
* Амбасада на Република Италија
* Амбасада на Јапонија во Скопје
* Амбасада на Кралството Холандија
* Амбасада на Република Полска
* Амбасада на Романија
* Амбасада на Руската Федерација
* Амбасада на Република Србија
* Амбасада на Република Словачка
* Амбасада на Република Словенија
* Амбасада на Швајцарија
* Амбасада на Соединетите Американски Држави
* Амбасада на Украина
* Амбасада на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска
* Почесен конзулат на Кралството Мароко
* Организација за безбедност и соработка во Европа – Мисија на ОБСЕ во Скопје
* Секретаријат на Југоисточна здравствена мрежа – Меѓународна организација

На базарот се одржаа уметничка изведба од страна на ученици и детска работилница под надзор на сликарот Бурхан Ахмети како и концерт на чешкиот пејач “Владовојна” по што беа доделени признанија на учесниците и спонзорите а заврши со извлекување на Лотарија.

За време на базарот имаше и проекција на чешкиот класичен цртан филм “Ferdy the Ant”.