Во Скопје моментно се активни 18 пожари од кои три се најкритични, во Кучково кон Горно Свиларе, меѓу Добри Дол и Ракотинци во Сопиште, како и во Горно Блацеј јави Канал 5 повикувајки се на прес-конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и неговите соработници.

Според неофицијални информации ,пожар има и во кругот на фабриката ОХИС, а во моментов гори и управната зграда. Сообраќајот кон населбата Драчево е пренасочен преку Лисиче.

Како што веше речено на пресот, за само неполн час се пријавени нови седум пожари. Причина за ваквата алармантна ситуација се високите температури и силниот ветер кој го отежнува гасењето.

На терен моментно се околу 300 војници од Армијата, а максимално се ангажирани и сите материјални ресурси.

Според Горан Стојановски од ЦУК, за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува помош по барање на Противпожарна единица или општина.

Но, се дејствува по приоритети при што клучни се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план.