Диџејот Костадин Шурбановски денеска на сатиричен начин го откри еден од најнедисциплинираните и најсамобендисани возачи во Скопје.
На овој возач според фотографиите не му се важни ни пешаците ни велосипедистите туку само сопствената желба да вози скапо возило а да не плати за паркинг.
Возилото не е паркирано во делови од градот каде што има здравствени установи туку во центарот на главниот град, таму каде што има кафеани.
Возачот на скапиот автомобил кој според верскиот симбол закачен на возилото и кој заштедил околу едно евро за два часа паркинг доби симболична плакета на која пишува ,,Сељак на денот”.
Според скопскиот жаргон зборот ,,сељак” означува човек кој се однесува контра културолошките правила кои би требало да важат за една урбана и градска средина и тој нема никаква врска со зборот селанец.
Нема фајде од МВР. Преминувам во герила. pic.twitter.com/YdGRXD1ljG
— Kostadin Surbanovski (@shurbeira) March 16, 2022