Во Скопје дебатен клуб на политичари со бугарска самосвест

Дел од бугарските медиуми познати по соработка со полициски и пропагандни кругови во Софија пишуваат дека во Скопје се формира нов дебатен клуб во кој ќе учествуваат видни македонски политичари и интелектуалци со бугарско државјанство или со потврдена бугарска свест.

Медиумите се повикуваат на наводна петиција на социјалните мрежи која што ја нема на најголемите Фејсбук и Твитер. Клубот според информациите од Софија нема политички цели а треба да се промовира на 24 мај на “денот на бугарската писменост и култура”.

Според информациите на информо.бг кој се пивикува на агенцијата Фокус во иницијативниот одбор кој ја издал петицијата се поранешни: претседател на владеачка партија, спикер на собранието, пратеници, академици, функционери, професори, градоначалници, новинари и претставници на фамилиите Љапчеви, Татарчеви, Миљовски и други.

Expres.mk не ги објавува имињата на објавените членови на клубот затоа што не исклучува дека се работи за обид на кругови во Софија да стави бугарска етикета на дел од македонските јавни личности.