Во Скопје дебата за светот по смртта на Хенри Кисинџер

Советот на амбасадори и Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов денеска организираат амбасадорската трибина на тема
„Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“.

Покрај поранешниот Претседател на Република Македонија (2009 – 2019) Иванов на дебатата учествува и екс амбасадорот Ѓорѓи Филипов кој е претседател на Советот на амбасадори.

Дебатата за Кисинџер ја модерира абасадорот Ивица Боцевски а присутни се десетици активни и поранешни дипломати.

Настанот се одржува во салата „Империјал I“ во Културно Информативниот центар во Скопје.

Повеќе детали подоцна