Во “Шутка” понижен екс еврокомесар додека судија и директор играле “Пинг Понг” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Се уште нема официјална информација зошто пред вратите на КПУ Скопје утрово остана поранешниот еврокомесар и специјален пратеник за промоција на слобода на религијата, верувањата и човековите права надвор од Европската Унија Јан Фигел
Тој за време на неговата посета на Република Македонија побарал дозвола, со уредно испратено барање до Кривичниот Суд да го посети бизнисменот Јордан Камчев во притвор поради тоа што директно бил запознаен со случајот кој според него отвора многу прашања за владеење на правото и правдата во Македонија.

Екс еврокомесарот бил натеран да чека со часови по што му било речено дека не може да влезе во затворот затоа што не се знаело кој треба да даде дозвола за влез.

Според една верзија дозвола за влез требало да даде затворот а според затворот тоа требало да го стори судија.

Понижениот словачки дипломат на крајот морал да си замине.

Повеќе детали

Екс еврокомесар остана пред вратите на Шутка: Власта не му дозволила средба со Орце Камчев (ФОТО)

Последна вест за настанот

Член на европската комисија и министер спречиле ескалација на скандалот

Интервенција на Маричиќ и Вархеи, екс еврокомесарот сепак влезе во Шутка