Во шесто одделение нема да се учи химната, туку…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски, на фејсбук сподели дека има измени во наставната програма по музичко возпитување на учениците од шесто одделение според која не е предвидено учење на македонската химна, како до сега.

„Старата програма (слика 1) предвидуваше учење и пеење на химната на Македонија.

Во новата програма (слика 2) химната е отстранета и наместо химната, Власта смета дека поважно за ќерка ми (да, и моето дете е 6то одд) е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori.

Како врв на ова малоумие е и официјалното објаснување од Бирото за образование дека морало да се исфрли химната од учебниците бидејќи програмата била пишувана после уставните измени“, споделува Јаревски.

https://www.facebook.com/toni.jarevski/posts/10156111029372136