Набљудувачи од две политички партии попладнево се жалат дека се избркани од лица за кои се сомневаат дека се вооружани.

На набљудувачите им било речено да заминат од избирачките места за да немаат проблеми, тврдат набљудувачи од различни политички партии.

Избрканите претпоставуваат дека лицата кои ги избркале набљудувачите заедно со претставници на дел од избирачките одбори ги полнат избирачките кутии.

За инцидентот ќе бидат информирани ДИК, МВР, ОБСЕ и ЈО.

Денеска Јавното обвинителство објави дека по пријава од Американската амбасада се истражува за 83 лица кои биле пријавени дека се на слобода и вооружени со цел да прават изборно насилство

Американската амбасада пријавила за 83 вооружени криминалци на слобода за попречување на изборите