Грипот оваа сезона во САД однесе 14.000 до 36.000 животи, покажува истражувањето на американскиот Центар за превенција и контрола на болести.

Од грип се хоспитализирани 250.000 луѓе а заразени се меѓу 26 и 36 милиони луѓе.

Истовременио, со опасниот коронавирус заразени се 15 лица, од кој ниеден досега не починал.

На светско ниво, од коронавирус починале помалку од 2.000 лица.

Податоците покажуваат дека грипот за американските граѓани е поопасен од коронавирусот.

Десет илјади пати е поголема веројатноста дека кинески државјанин кој доаѓа во Соединетите држави ќе умре од грип отколку американски државјанин кој доаѓа од Кина да полчине од коронавирус, пренесува кинеската агенција Хсинхуа.

Секоја година, милиони луѓе се заразуваат за време на сезоната на грип, стотици илјади се хоспитализирани, а умираат десетици илјади американски граѓани.

Сезоната 2017/2018 година. беше најсмртоносен кога околу 960.000 беа хоспитализирани, а речиси 80.000 починале.