Во САД без работа останаа 10 милиони луѓе

10 милиони луѓе побарале помош откако останале без работа

Ситуацијата во САД каде бројот на заразени од коронавирус надминал 250.000, е дополнително влошена откко само во две недели десет милиони луѓе ги загубија работните места.

Неделава над 6,6 милиони луѓе останаа без работа, двојно повеќе од минатата кога 3,3 милиони луѓе ги загубија работните места.

Речиси десет милиони Американци аплицирале за помош за невработени во изминатите 14 дена, што е најголем број во поновата историја, пишува „Њујорк пост“.

Медиуми јавуваат дека во март стапката на невработеност од 3,5%, најниска во последните 50 години, се покачила на 4,4 проценти.