Преку 6-те гранични премини во Романија влегле вкупно 10.624 украински државјани, соопшти романскиот министер за внатрешни работи Лусијан Боде, пренесе Ројтерс
Според него, 3.600 од нив ја поминале земјата на пат кон Бугарија и Унгарија. Од околу 7.000 Украинци кои моментално присуствуваат, само 11 побарале засолниште во земјата, рече Боде.
Портпаролката на Агенцијата за бегалци на ОН денеска изјави дека најмалку 100.000 Украинци ги напуштиле своите домови во последните 24 часа и дека неколку илјади ја преминале границата во соседните земји.
