Двајца полицајци беа застрелани во понеделникот во заседа пред куќа во североисточна Австралија, што предизвика повеќечасовна престрелка која заврши со смртта на сите тројца осомничени пукачи, соопшти полицијата во Квинсленд.

Полицијата ги именуваше двајцата убиени полицајци како Констабл Метју Арнолд (29) и Констабл Рејчел Меккроу (26). Во инцидентот загина и 58-годишен цивилен случаен минувач, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека трагала по исчезнато лице во областа Вајамбилам, околу 300 километри северозападно од Бризбејн, главниот град на Квинсленд, кога врз нив бил отворен оган.

Имено, по долга опсада полицијата убила тројца осомничени. Властите соопштија дека мотивот останува нејасен.

Првично, во понеделникот, четворица вооружени полицајци отишле на имотот во текот на попладневните часови, откако добиле барање од полицијата на Нов Јужен Велс, јавува Би-Би-Си.