Во пожар загина 76-годишен скопјанец

Едно повозрасно лице го загубило својот живот во пожарот кој утрово избувнал во стан од зградата на улицата „Пандил Шишков“ во Општина Аеродром, потврдија од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје за “360 степени“.

Станува збор за 76-годишно лице со иницијали Г.Б.

Телото на Г.Б.,  било пронајдено при расчистувањето на опожарениот стан од страна на пожарникарите.

Дојавата за пожарот во БППЗ Скопје стигнала утрово во 6:35 часот, по што било интервенирано со седум противпожарни возила и 15 пожарникари.