Во пензија 5 години порано!?

Во владината програма за периодот 2020 до 2024 година, наведена е можност за предвремено пензионирање до максимум пет години пред остварувањето на правото на пензија, ама со намален износ, пишува Фактор.

„Обезбедување грижа од заедницата кон возрасните преку воспоставување локални услуги за грижа и нега. Ќе овозможиме флексибилен пензиски систем со воведување можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намален износ на редовната пензија. 

Зајакнување на улогата на старите лица во локалните заедници и обезбедување услови за вклучување во јавниот живот. Ќе овозможиме волонтирање и работно ангажирање на возрасните лица кои сакаат исполнети денови. Воведуваме програми за поголема мобилност за старите лица преку субвенциониран меѓуградски превоз“, стои во програмата.