„Во облик на остар ултиматум првиот човек на ДУИ Али Ахмети ја повика таканаречената ‘Огнена група’ да се врати на партиските колосеци и да се откаже од своите барања.“ – објави ТВ Алсат М.

ТВ Алсат пишува: Повикот Ахмети го упати повикот по средбата со граѓаните во Тетово. Тоа се активности, кои се организираат како одговор на средбите со граѓани на групата предводена од потпретседателот на партијата Изет Меџити.

„Мнозинството во ДУИ оценуваат дека оваа група не е во право. Исто така и јас мислам дека моите соработници и пријатели немаат право и оти треба да се вратат во партиските институции.’ – рече Ахмети.

Меџити не го коментираше повикот на Ахмети. Но, јавно неколку пати повтори дека тој и групата не планираат да се повлечат ниту од барањата, ниту од партијата. „Можеби некој ќе сака да имаме нова куќа, но ние не ја напуштаме нашата куќа. И да не избркаат од врата, ќе влеземе низ прозорец, бидејќи не само дома туку и на улица ни велат ‘Еве, ова се ДУИ.“ – рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Оваа паралелна кампања меѓу двете групи на ДУИ на терен се очекува да продолжи. Двете групи најавија и други средби во повеќе градови каде што имаат поддршка.