Во Њујорк нема место за мигранти кои со автобуси се испраќаат во најнаселениот град во Америка, изјави градоначалникот Ерик Адамс, при посетата на мексиканскиот пограничен град Ел Пасо, пренесува „Ројтерс“.
Автобуси со мигранти се испраќаат на север во Њујорк и другите градови што ја влошува станбената криза во метрополата и ја влошува кризата со бездомниците таму.
Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, рече дека мигрантите треба да бидат предупредени дека „нема повеќе место“ за нив во Големото јаболко.
Тој рече дека во неделата дознал дека веб-страниците им даваат на барателите на азил „лажен впечаток“ за тоа што би можеле да очекуваат во Њујорк, вклучително и дека ќе живеат во хотели, а всушност ќе бидат сместени во засолништа.
„Постои лажен впечаток меѓу барателите на азил и мигрантите дека ако дојдат во Њујорк, сè ќе биде во ред. Треба да им дадеме на луѓето точни информации“, рече градоначалникот.