Во нереди на фудбалски натпревар во Индонезија загинаа 127 лица

Најмалку 127 лица загинаа, од кои двајца полицајци а 180 се повредени во хаосот што настана по фудбалскиот натпревар на стадионот во Маланг, Индонезија, објави Ројтерс, повикувајќи се на полицијата.

Според агенцијата, која се повика на главниот инспектор на полицијата во провинцијата Источна Јава, Нико Афинта, навивачите на домашниот тим Арема излегле на теренот по натпреварот, во кој нивните миленици загубија со 3:2 од Персебаја Сурабаја во дербито, а полицајците употребиле солзавец за да ги смират.

Според Афинта, потоа почнало стампедо. Луѓето имале и проблеми со дишењето поради солзавецот.