Во најава: Ново задолжување на Владата од 120 милиони евра

Нови програми со ММФ и нов кредит од Светска Банка. Во време кога парите се скапи, државата во Вашингтон бара евтини кредитни линии. 

Покрај двегодишниот пакет од 530 милиони евра, кои Меѓународниот Монетарен Фонд и ги одобри на земјава,  министерот за финансии вели – веќе сме во напредни разговори и со Светска Банка, за буџетска поддршка за развојни политики вредна 120 милиони евра.

„Покрај ПЛЛ линијата од 530 милиони евра, од кои 270 се за повлекување, а остануваат уште 160 милиони евра, преку ПЛЛ се разговара и за 3 нови програми со поволни услови. Веќе сме во напредна фаза на преговори и со Свестка Банка, за пакет вреден од 80 до 120 милиони евра, по доста поволни услови, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии. 

ММФ во извештајот за глобалната економија, предвидува најбавен раст од 90-тите години. За нашата земја проектира 1,4%  раст и инфлацијата од 9,2 отсто. Но Бесими е оптимист и очекува, владините повисоки прогнози  да бидат достигнати. 

„Очекувам во вториот извештај бројките да бидат корегирани нагоре, бидејќи економската активност, буџетските приходи, другите економски индикатори во втората половина сметаме дека ќе бидат поуспешни, додава Бесими.  

Инаку, проекциите на Владата се раст на економијата од 2,9% оваа година и инфлација од 7,1 осто. 
Извор:Сител.мк