Во македонско село близу Воден жители скршиле споменик на грчки андарт обесен од ВМРО пред 115 години (ФОТО)

Локално жители во македонско село во Воден (ЕДЕСА) скршиле дел од биста на грчки ,,македономах”, член на андартските чети кои се бореле против Македонците пред повеќе од еден век.

Од фотографиите од споменикот може да се види дека непознати луѓе го искршиле носот и дел од лицето на грчкиот херој кој бил обесен од војводи на ВМРО поради своите антимакедонски активности.

Според бугарскиот професор Димитар Бечец кршењето на споменикот на грчкиот андарт се должи на македонските борби во Егејска Македонија.

,,Одгласи на македонските борби во грчка Македонија. Мештаните во село во близина на Едеса го вандализираат споменикот на истакнат грчки водач на вооружена банда кој беше обесен од ВМРО во 1907 година”, пишува Бечев за инцидентот.

Селото каде што се наоѓа сега оштетената биста на грчкиот андарт се вика Теово или Техово (Каридија на грчки) и во него живеат луѓе кои се чувствуваат како Македонци.