Вечерва во Куманово се одржа мирен собир на кој е изразена поддршка за Србите во Црна Гора и на свештениците и верниците на СПЦ во оваа земја.
“Се собравме вечерва во црквата Света Тројца во Куманово да изразиме револт против репресивната усташка политика на режимот на Мило Ѓукановиќ, современиот Анте Павелиќ, и во исто време да изразиме целосна солидарност со свештенството и верниците нашата црква и нашите верни браќа као и на сите наши сонародници во од синоќа во црно завиена Црноа Гора”, пишува за собирот првиот човек на Демократската партија на Србите во Македонија.
Иван Стоилковиќ бара “усташкиот режим веднаш да ги ослободи политичките претставници на српскиот народ и уапсените браќа Андрија, Милан и Милун и да се престане со репресија над српскиот народ и верниците и црквата.
“Ги повикуваме сите Срби во Македонија се додека трае репресивната политика на усташките власти на Црне Гора да изразат секаков вид на револт против сите нејзини претставници и во време кога ќе бидат во непријатна близина на нејзиниот амбасадор во Македонија. А ако а прекипи, ќе го обоиме нивното усташко гнездо во Скопје за да го вратиме стариот сјај на некогашната српска Спарта! Свети Василиј моли го бога за нас и нашите верни браќа! Порта на црквата Свети Тројца, Куманово, вечерва”, пишува Стоилковиќ за собирот за поддршка на Србите во Црна Гора и осудата на власта на Мило Ѓукановиќ.