Во Македонија мафијата има своја држава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со сомнежи и коментар на бегството на екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

“Одамна реков, мафијата има своја држава. Нема дно кое не го пробија.
Оставка на Владата веднаш!”, пишува Мицкоски кој очигледно се сомнева дека бегството на Мијалков е координирана операција меѓу државни институции и функционери и екс шефот на УБК кој се соочува со 13 години затвор само за едно дело Таргет – Тврдина.