Македонските умни глави се на браникот на татковината! Сепак не е кај нас се толку црно и тешко. Има Македонија со што да конкурира на светот, има иднина за нас, пишува Фактор.мк.
Нашата земја има мала „армија“ програмери! Во Македонија лани 3.500 наши деца, вработени во повеќе од 20 софтверски лани, „искуцале кодови“ и продале софтвер за 170 милиони евра, покажуваат официјалните бројки за најголемите македонски софтверски компании. А состојбата е уште подобра затоа што има значаен број програмери кои „фаќаат работа од дома“ и работат на светски проекти за софтвери како физички лица.
Македонската „софтверашка“ индустрија има над 20 компании кои лани успеале да продадат памет за вредност од 3 до 30 милиони евра. Резултат за почит.
Па кога ќе се видат бројките излегува дека Македонија има бројна индустрија софтверџии затоа што само во најголемите 23 компании за софтвер работат цирка 3.500 вработени!
Тие дечки и девојки лани генерирале приход од речиси 170 милиони евра и тоа е во најголем дел продажба во извоз. Еве како македонската софтверска индустрија го крепи и држи девизниот курс на денарот.
извор: Фактор.мк