Секретарот на бугарскиот клуб „Џар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков, за бугарската телевизија БТВ го даде своето прво интервју по претепувањето што ги вжешти односите меѓу Македонија и Бугарија.
„За жал, во Северна Македонија е нормално да те тепаат, да те пцујат, да те стрелаат зошто си Бугарин, а полицијата ништо да не презема“, го коментира новоосвестениот „македонски Бугарин“, како што се претставува.
„За да си македонски Бугарин, едноставно, треба да се осознаеш. Во Македонија учиме изменета, фалсификувана историја, во која Бугарите се фашисти, Татари и не се народ. По читањето светска историја, по читањето за ВМРО, која била историјата, се осознав. Тоа е процес. Никој не се родил и е македонски Бугарин“, објаснува тој.
„Пред тоа не бев многу негативно настроен кон Бугарите, но не сум сакал никоја од соседните земји. Ние учевме таква историја, дека само Србите ни се браќа и оти сите други сакале да ѝ се случи нешто лошо на Македонија.
За тепачката во Охрид во која го извлече подебелиот крај и поради тоа со тешкотии зборува пред камерата на БТВ, Пендиков се присетува: „Бев во ресторан во кој беа мои пријателки. Дојдоа тројца и почнаа да ме напаѓаат дека сум Бугарин. Само со зборови. Зошто сум се пишал Бугарин, дека сум предавник. Потоа излегов од ресторанот, отидов сам кон паркингот да си го земам автомобилот и да си одам дома. И таму се случи сè. еден ме удри одзади, паднав на земјата и ме удираа речиси 10 минути“.
Дел од најавата за интервјуто што ќе биде емитувано во целина утрово на БТВ: