Во Крушево почнува битка за хотелот Монтана и црквата Света Троица во дворот на овој туристички објект.
По информациите дека инвеститори блиски на фирми кои се инволвирани во корупција и лица кои можат да се најдат на црната листа на САД за корупција, денеска во Крушево и особено во партиската организација на СДСМ се случува тензија и судир меѓу членовите.
Дел од граѓаните не сакаат сомнителни бизниси да станат сопственици на хотелот Монтана во чија непосредна близина се наоѓа и црквата Света Тројца.
Меѓу граѓаните има обвинувања дека локалното раководство на СДСМ дало дозвола за продажба на хотелот кој е еден од модерните симболи на градот, на сомнителни инвеститори.
Граѓаните се чудат зошто воопшто се зборува за продажба на хотелот чии сопственици немаат финаниски проблеми.
Крушевчани се плашат дека зад продажбата на хотелот стојат други цели кои не се поврзани со инвестицијата во хотелот туку со перење пари и други нелегални активности.
Одлуката сепак ќе биде кај сопствениците кои ќе решат дали ќе го продадат хотелот.
Посебна загриженост за продажбата на хотелот е црквата Света Тројца која се наоѓа на имот на хотелот и не се знае каков ќе биде статусот на овој верски објект со новите евентуални сопственици.
Најчитани статии
Од свој џеб да си платат
Судиите кои одобриле притвор за Јанакиевски да ја платат оштетата, бара скопски адвокат