Доколку биде воведена кризна состојба поради пандемијата на Ковид-19, државата ќе менаџира со приватните клиники.

На денешната седница, Советот за безбедност и препорача на Владата да биде воведена 30 дневна кризна состојба на територијата на Македонија.

„Во кризна состојба има законска можност владата да управува со ресурсите на државните органи, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, како и Градот Скопје, но и на трговските друштва, во овој случај приватните здравствени установи. Не се работи за национализација, туку државата ќе се јави во улога на менаџер“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Државата ќе покрие 30 проценти од пазарната вредност на трошоците за лекувањето во приватните клиники.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека сите ресурси на приватните клиники ќе бидат земени предвид, вклучително и болничките капацитети за сместување и кадарот.