Во болниците низ државата, според денешните податоци од Министерството за здравство, хоспитализирани се вкупно 1.068 пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив 446 се во Скопје, додека 622 се сместени во другите градови. Утрово имало 745 празни болнички кревети, од кои 290 се во скопските болници.
Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, од кои 5 приеми се на Интерните и хируршки клиники, 11 во ГОБ 8 Септември, 6 на Инфективната клиника и 2 на Клиниката за детски болести. Приеми на нови болни немало ни во Козле, ни на Институтот за физикална медицина. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 156 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 125 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на ковид-19 и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.

Во однос на болниците во другите градови низа државата, најмногу ковид-пациенти има во Битола-79 и во Куманово-77. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, а во Велес се лекуваат 73 болни. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 51, во ковид-центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 63 пациенти, во Кочани 27, во Кичево 21, Кавадарци 32, а во Гевгелија 7 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.