Во модуларната болница за лечење од Ковид19 во Тетово каде живи изгореа 14 пациени имало систем за довод на кислород но и боци за кислород.

Според видеото што го објавува ТВ Клан најпрвин во април економскиот директор на болницата вели дека очекува да се решат проблемите а пред да се запали објектот Клан објавува дека има поставен централен систем за довод на кислород за тешко болните пациенти.

На истото видео се гледа дека и покрај централниот довод во објектот има и огромни боци за кислород кои најверојатно ја предизвикаа трагедијата.

Видеото ја поставува дилемата зошто имало потреба од боци со кислород ако функционирал централниот довод кој бил инсталиран.